Семинар на „Македонисти“

Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура, традиционално по 42 – ри пат се одржува во Охрид. Започна вчера и ќе трае до 27 – ми овој месец.

kniga
книга

Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура, традиционално по 42 – ри пат се одржува во Охрид. Започна вчера и ќе трае до 27 – ми овој месец.

MakedonistiВо конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ вчера свечено започна 42-от Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, на кој учество ќе земат професори, студенти, преведувачи, слависти и балканисти од 23 замји од светот.

„ Очекуваме како и досега семинарот да биде успашен“, вели  Проф.Др. Емилија Црвенковска, „бидејќи има доста млади луѓе од светот каде се изучува македонскиот јазик“.
„Се разбира присуствуваат и ветерани на македонската литература, па севкупно  резултатите нема да изостанат“, дополнува Црвенковска.

„Сега во Русија има 5 студенти кои изучуваат македонски јазик и литература, вели Академик Проф. Ала Шешкен од Московскиот Универзитет. Сите досега дипломирани студенти работат во дипломатија, на факултетите, како преведувачи и слободно можам да кажам дека воопшто нама проблем за работа од овој тип на студенти“, вели таа.

„Ја користам секоја можност да присуствувам на семинари од овој тип, бид тоа е можност директно да се запознаам македонските писатели, да слушам како говорат македонските научници, реално очекувам многу од оваа средба“, вели проф. Шешкен.

„Семинарот има голема важност како за вас, така и за сите нас кои доаѓаме од сите страни на светот. Ова е уникатна можност да се вклопиме во прекрасниот македонски амбиент“, вели Доц.Поф. Марија Проскурина од Москва. „Овој пат семинарот е збогатен со присуство на студенти од Пермскиот Универзитет, кои се за прв пат во Македонија. Тие се навистина воодушевени и многу ја сакаат вашата земја“, вели Проскурина.  

Учесниците на семинарот освен за јазикот ќе дебатираат и ќе учат за нашата култура и историја. Сето ова е овозможено од Министерството за образование и наука кое за овогодинешниот семинар одвои 3.000.000ден, и 1.300.000ден од Министерството за култура.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top