Охрид и охриѓани ни ги отворија вратите со цел да ја намалат нашата болка. Тоа се првите впечатоци на гостите од Бугарија, поточно на најблиските на 15 те загинати во големата трагедија што се случи на 5 ти септември при потонувањето на бродот „Илинден“.
Охрид и охриѓани ни ги отворија вратите со цел да ја намалат нашата болка. Тоа се првите впечатоци на гостите од Бугарија, поточно на најблиските на 15 те загинати во големата трагедија што се случи на 5 ти септември при потонувањето на бродот „Илинден“.
18 члена група од Бугарија денес пристигна во Охрид. Се работи за посета на најблиските членови од семејствата на трагично починатите во бродската незгода на „Илинден“, во која 15 бугарски туристи се удавија во водите на Охридското езеро. Претседателот на здружението 5 ти септември Сашо Алче изјави дека престојните два дена гостите од Бугарија се нивни гости, а локалната самоуправа се погрижила за сите трошоци околу нивниот престој. Гостите покрај посетата на статриот дел од утре во 11 часот ќе присуствуваат на панихида во црквата Св. Софија по повод 40 дневниот помен за починатите. Алче исто така потенцираше дека од оваа трагедија треба да се извлече голема поука за зближување меѓу народите на Македонија и Бугарија.
Групата на најблиските предводена е од секретарот на општина Антон, Цветелина Костова. Се што досега имаме како сознанија е преку медиумските извештаи вели Костова и додава дека при оваа посета ќе одат на местото на бродската незгода за да видат како стојат нештата. Она што е прв впечаток е позитивното расположение на луѓето од организацијата, вели преставничката на бугарската група. Костова истакна дека трагедијата сеуште е шок за цела Бугарија.
Костова, изјави дека според неа бугарските и македонските медиуми, реално ја прикажале сликата на тоа што се случило кобниот ден. И сеуште најблиските на починатите не веруваат што им се случило. Соработката на локално и државно ниво се покажала како доста ефективна елиминирајќи ги партиските тензии од двете страни.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град