Сообраќајните проблеми кои години ги мачат жителите на булеварот „Железничка“ ќе бидат решени оваа есен.
Голем број сообраќајни незгоди е билансот од сообраќајниот проблем наречен „Железничка“. Иако веќе две години како се планираше изградбата на кружни текови и поставување на светлосна сигнализација на трите раскрсници, тоа сеуште не се случи. Томе Змејкоски од Одделението за комунален развој и сообраќај при локалната, потврди дека се издвоени средства наменети за изградба на кружни текови и поставување на светлосна сигнализација, но дека до сега не се реализирани поради технички проблеми. Светлосната сигнализација пак, ќе биде поставена.
„На улица „Железничка“ семафорската сигнализација ќе биде поставена по реализација на кружните текови на улица „Туристичка“, затоа семафорската сигнализација ќе се извади од „Туристичка“ и ќе се искористи на улица „Железничка“ објасни Змејкоски.
Советничка Хајба на денешената седница на Советот реагираше на намерата на локалната за користење на старата светлосна сигнализација, која е недоволна за три раскрсници и запраша каде се средствата одвоени од буџетот за оваа намена.
„Точно се предвидени средства за демонтажа на светлосната сигнализација која се наоѓа на „Туристичка“ и да се монтира на „Железничка“, а не се предвидени средства за нова светлосна сигнализација, може да се провери во прграмата точно колку пари се предвидени и дека не се искористени,а за на „Железничка“, семафорите се во исправна состојба и греота е да се исфрлат“, додаде Земјкоски.
Инаку за решавање на овој проблем уште во 2013-та година беа одобрени средства од буџетот на општината, по поднесување на амандман на советничката Верица Хајба, а кон реализација на овој проект требаше да се пристапи во 2014-та година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град