Семафорите кај Рача никако да проработат

Од Локалната велат дека тие уште пред почетокот на летната сезона завршиле со своите обврски. Се чека Агенцијата за патишта да ги пушти во употреба, а од таму не знаат кога тоа ќе се случи.

 |  Голабовски Крсте  | 
раца

семафориОд Локалната велат дека тие уште пред почетокот на летната сезона завршиле со своите обврски. Се чека Агенцијата за патишта да ги пушти во употреба, а од таму не знаат кога тоа ќе се случи.

Семафорите кои се ставени на раскрсницата кај населбата Рача сеуште се само декор. И после четири месеци од поставувањето на оваа вертикална сигнализација со цел подобрување на безбедноста на овој патен правец, сеуште не се ставени во функција. Од Локалната самоуправа велат дека тие немаат ингеренции на овој патен правец бидејќи станува збор за  регионален, а воедно и меѓународен пат кој ги поврзува Македонија и Албанија и дека носител на овој проект е Македонија пат. Општината била ангажирана само околу извршување на страничните градежни работи како што се поставување банкини, рамници, поплочување со бекатон плочки и тн.

рача„Ние во целост ги завршивме нашите обврски. Уште на почетокот на летото Јавните претпријатија кои што беа ангажирани ги направија работите на терен. Се работеше интензивно пред почетокот на летната сезона“, вели Љупчо Танески од Секторот за комунален развој и сообраќај.

Од Агенцијата за патишта објаснуваат зошто досега не се ставени во функција овие семафори. Се чекало на приклучок за електрична енергија. Велат дека работите околу тоа веќе се завршени и во текот на оваа недела ќе се врши тестирање како функционира системот. Кога официјално ќе бидат пуштени во употреба, никој не знае.

Инаку, дел од добрите познавачи на сообраќајот велат дека со поставувањето на семафорите воопшто нема да се подобри безбедноста на овој дел од патот и дека најдобро ќе беше да се  направи надвозник кој ќе го користат пешаците кои гравитираат во овие населби. Други пак тврдат дека со оваа вертикалната сигнализација многу ќе се подобри безбедноста и на пешаците и на возачите.

„Вие знаете дека на овој потег се имаат случено повеќе сообраќајни незгоди и тоа со фатални последици. Особено функционирањето на семафорите ќе биде корисно во летниот период кога се создаваат големи гужви поради посетеноста на плажите“, објаснува Танески

Останува да видиме дали семафорите конечно ќе проработат за потоа да се утврди и каков е бенефитот од нив.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top