Дури во септември ќе се поставуваат семафори на „Железничка“. Во тек е постапката за распишување на тендер преку кој се бара најповолен понудувач. Таа треба да заврши до крајот на месецов па потоа ќе се работи на терен.
Семафори на улицата „Железничка“ ќе бидат ставени од наесен. Иако од секторот за комунален развој, сообраќај и патишта најавија дека семафорите кои се наоѓаа на раскрсницата кај некогашниот Мини маркет веднаш после нивното отстранување, поради кружниот тек кој се направи таму, ќе бидат поставени на Железничка, семафори на оваа сообраќајница сеуште нема. Од секторот објаснуваат дека чекале од Одделот за јавни набавки да распишат тендер за поставување на семафорите.
Постапката за распишување на тендер е веќе во тек ќе се бара најповолен понудувач. Таа постапка треба да заврши до крајот на месецов после што следува периодот за поплаки и жалби па семафорите најверојатно ќе се постават во септември, објаснува Љупчо Танески, од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.
Семафори ќе се поставуваат на две критични точки и тоа на пресекот на Булевар „Железничка“ со улицата „Кленоец“ и на пресекот на „Железничка“ со улицата „Егејска“. Проектот е поделен во две фази. Едната вклучува градежни активности за поставувување на семафорите, а другата ја вклучува таканаречената електроника.
Бидејќи „Железничка“ е транзитна улица стручњаците одлучиле дека по поставувањето на семафорите таму треба да важи правилото на зелен бран со што ова место ќе биде многу побезбено и за возачите и за пешаците, вели Танески.
Танески кажува дека Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта ги прави сите напори за во Охрид да имаме побезбедни улици. Тој додава дека иако многумина ја критикувале изградбата на новите кружни текови тие досега се покажале како многу добро сообраќајно решение кое во голема мера ја растеретило гужвата која се создавала посебно во летниот период.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град