Селото Оздолени ќе добие уреден мини плоштад

Согласно барањето на месната заедница и годишната програма за развој на локалната инфраструктура Општина Дебрца започна со уредување на дел од централното подрачје во село Оздолени.

 |   | 

Согласно барањето на месната заедница и годишната програма за развој на локалната инфраструктура Општина Дебрца започна со уредување на дел од централното подрачје во село Оздолени.

Планирано е да се изврши санација на просторот околу споменикот во центарот, санација на постоечки бетонски скали и парапети, спомен обележјето, поставување на 60 м2 бекатон плочки, поставување на метална настрешница и изградба на септичка јама за зафаќање на отпадните води од соседните куќи во центарот.

Вкупната вредност на работите изнесува 327.500 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2021 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top