Села: На Струга и се земаат, а на Охрид му се даваат средства

Централната власт на Охрид му дава а на Струга и зема, ваков е впечатокот на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Со тоа не се согласува првиот човек на Охрид. Бакрачески смета дека двата крајезерски града се третирани подеднакво од државните институции. Охрид нема добиено дирекна финансиска помош од државна каса а со долгот ќе се справува преку кредитно задолжување.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

selaЦентралната власт при распределба на средства од државната каса за Охрид мајка, а за Струга маќеа. Ваков е впечатокот на струшкиот градоначалник Зијадин Села. Ова доаѓа откако како што обелодени Села, од буџетот на општина Струга, Централната власт одзела 100 000 евра, средства за сервисирање на долг од кредит на МЈП „Проаква“, од кој пак 90% ос средствата односно инвестицијата биле за Охрид.

„Денес ни се одземени од буџетот на општина Струга 6 милиони денари или 100 000 евра. Тоа се пари на граѓаните на општина Струга кои се одземени од страна на централната власт. Ова е веќе 400 000 евра кои централната Власт ги одзема. На Охрид му се даваат пари од Министерството за финансии а на Струга им се одзема а 90% од инвестицијата на кредитот на Проаква е направена во Охрид па видете ја сега вие логиката која е“.  

Меѓутоа ваквото мислење на струшкиот градоначалник Зијадин Села не го дели охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

baki„Значи аршинот со кој што се третира општина Охрид и Струга е подеднаков од страна на нбадлежните државни институции така да ние досега не сме добиле финансиски средства од државата кои би ги искористиле за покривање на дел од долговите“.

Иако охриѓани можеби очекуваа со смената на власта во Охрид дека државата ќе го одврзе кесето, за да го поттурне Охрид да излезе од милионските долгови, Локалната излезот ќе го бара во кредитно задолжување.

„Меѓутоа она што ние преговараме со државните институции е добивање на кредит од светска банка кој ќе биде со полна каматна стапка на подолг временски период со кој што очекуваме дека во наредниот период ќе имаме можност да сервисираме дел од долговите“.

Како што кажа Бакрачески, според информациите со кои располага Локалната, како и според критериумите што се етаблирани според бројот на жители во Охрид, но и според историските податоци за износот на годишните буџети на општина Охрид, кредитот кој треба да го земе општина Охрид би требало да се движи помеѓу 4,1 и 4,4 милиони евра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top