Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека тие ќе бидат ставени во употреба но дури по завршувањето на анализата на техничката состојба на пунктовите и причината поради која тие не функционираат.
Инфо-пунктовите поставени за подобро информирање на туристите веќе подолго време не функционираат.
Овие инфо-пунктови со екрани на допир, првично беа поставени уште во 2011та година, и тоа на пет локации. Еден пункт беше поставен на градскиот плоштад, еден пред општината, еден кај новата автобуска, и по еден кај стариот чинар и на влезот од градот пред инфо-центарот. За жал во моментот, ниту еден од нив не е во функција. Сегашниот раководител на секторот за ТЛЕР, Ѓоко Апостолоски вели дека нивните служби во моментот прават анализи во каква состојба биле наследени инфо-пунктовите, но и правни анализи на договорот кој претходната локална самоуправа го склучила за одржување на пунктовите.
„Тие еден период функционираа, понатаму зошто престана нивното одржување немам информација. Во секој случај од она што го знам, ангажирана беше надворешна фирма која требаше да ги одржува нив. Каква беше ситуацијата во однос на соработката помеѓу локалната и оваа фирма која што ги одржуваше, на кој принцип беше базирана соработката, тоа ќе треба да го кажат стручните служби, односно правната служба, но она што ние го имаме како факт е дека тие стојат тотално вон-функција.“-рече Ѓоко Апостолоски-Раководител на сектор за ТЛЕР.
Апостолоски информираше дека по завршувањето на анализите околу состојбата на инфо-пунктовите, тие ќе излезат со план за нивно повторно ставање во функција.
Дополнително, вели дека ќе бидат поставени уште два вакви пункта, но и дека ќе настојуваат овие пунктови да ги сервисира локалната и секторот за ТЛЕР. Апостоловски најави и нови проекти на секторот за туризам и локален економски развој.
„Веќе имаме и добиено два проекти. Првиот е проект за санација на каптажата во с. Куратица, финансиран од германската амбасада, активностите за имплементација на тој проект се при крај и за брзо време ќе имаме промоција на резултатите. Исто така одобрени ни се средства од германска институција за реконструкција на малиот плоштад на местото на старата библиотека, сеуште се работи на техничките детали околу реализацијата на овјој проект и се надевам дека за брзо време ќе почнеме и со практична имплементација на активностите во соработка со НУ „Завод за заштита на спомениците“ кои ја подготвија техничката документација и идејниот предлог-проект за изгледот на овој плоштад, а ние сме само носители на апликацијата.“-вели Апостоловски.
Покрај овие проекти, Апостолоски вели дека аплицирале и со три проекти во Агенцијата за поддршка на руралниот развој, потоа четири проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција, партнерски проект со општина Несебар за граѓанска соработка, како и помали проекти со повеќе странски амбасади.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град