Секој угостителски објект кој служи вино треба да има сомелиер

Охридските угостители учеа како подобро да го презентираат виното, да споделуваат приказни за него и да го спојуваат со храната која ја нудат.

 |  Мишел Наумоски  | 
somelier
сомелиер

Угостителите од градов и малите винарии учат како подобро да го презентираат виното, да го разберат виното, од каде потекнува, кои сорти се соодветни за нашата земја, како подобро да го продадат но и да го спојат со храната која ја нудат на своите гости. Денес и утре Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации заедно со тренинг центарот на винаријата Камник организираат обука за лозарство и енологија во градов. Според Ана Амбаркова, консултант за развој на кластери при оваа организација, смета дека со ваквата обука ќе се влијае на развивање и подобрување на винската култура во земјава.

somelier„Апсолутно сакам да ја поддржам проактивноста која што 15 угостители во Охрид ја покажаа за да ја препознаат вредноста да се има сомелиер во својот објект, односно личност едуцирана да го продаде виното заедно со храната и сами се пријавија да учествуваат. Нивна цел е да ја зголемат продажбата во своите објекти, се разбира и подобро да заработат преку задоволување на потребите на гостите во дегустација на вино со храна. Секогаш кога гостин ќе дојде во објектот не ретко знае што сака, но постојат и гости кои многу ќе ја ценат проактивноста на келнерот, на послужувачот кој денес ќе им овозможи едно прекрасно искуство, дегустација на вино заедно со храна.“-вели Ана Амбаркова-консултант за развивање кластери при Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации.

kelner vinoАмбаркова додава дека поседувањето на овие знаења даваат една целосно нова димензија на професијата келнер, која според неа е една исклучително комплексна и благородна професија. Токму затоа, таа смета дека оваа дводневна обука ќе им биде од голема корист.

„Нивна цел е да научат што е можно повеќе, да ги имплементираат новостите и знаењата кои што ги имаат кон туристите, преку она раскажување на приказни, привлекување, овозможување на убаво искуство преку престојот во нивниот ресторан и да знаат понатаму што е можно повеќе да се развијат. Постојат кај нас институции како што е тренинг центарот на Камник каде што можат да се стекнат со сертификат за сомелиер, доколку посетуваат подолга обука и потемелна. Се разбира во два дена не можеме да научиме се.“-рече Амбаркова.

Инаку дводневната обука е во организација на УНИДО, организацијата за индустриски развој на Обединетите нации во соработка со министерството за економија на Македонија, а во рамките на проектот за „Развој на туризмот во Македонија и поддршка на чинителите во туризмот преку создавање на кластери. Проектот е фокусиран на регионот на Охридското езеро и Тиквешијата. Развивањето на винскиот туризам е само еден од сегментите на кои се делува со овој проект.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top