Секој си ја тера водата на својата воденица

„Одземените пари од сметката на општина Струга се согласно законската регулатива“, велат од Министерството за финансии. Но, од друга страна, не им е познато дека проектот за кој се земени парите, воопшто не бил технички примен.

 |  Крсте Голабовски  | 
pari
пари

dokument„Одземените пари од сметката на општина Струга се согласно законската регулатива“, велат од Министерството за финансии. Но, од друга страна, не им е познато дека проектот за кој се земени парите, воопшто не бил технички примен.
Нови моменти во врска вчерашниот прилог на ТВМ Телевизија за олеснувањето на струшката општинска сметка. Покрај општина Струга, тука се и општините: Куманово, од каде беа подигнати 13.700 000 денари, потоа општина Струмица, од чија сметка беа одземени 12.000 000 денари и општина Штип од каде се подигнати 8.300 000 денари. Во Законот за задолжување на Република Македонија со кредит кај ЕБОР стои, дека една од корисниците на кредитната линија е и општина Велес, но протпаролката на општинта, Јадранка Стефкова, го негира тоа. Градоначалниците на Охрид и Струга вчера бурно реагираа во врска со упадот и подигањето средства од нивната сметка. Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко зачуден зошто средствата се земени од сметката на општината без да биде назначено зошто се подигнати истите.
Во интерес на вистината ТВМ побара објаснување од Министерството за финансии, од каде велат дека согласно договорoт меѓу Република Македонија и Европската банка за обнова и развој, средствата што ненавремено ги плаќаат општините должна е да ги плати Република Македонија од Буџетот, што беше и сторено на 18.01.2010. По едномесечно чекање и укажувањата општините да ги вратат овие средства во буџетот – што не се случи, Министерството за финансии изврши задршка на средствата од буџетите на општините во висина на незимирените обврски. Од Министерството за финансии додаваат дека ги толерирале општините и јавните претпријатија, максимално колку што дозволува законскиот рок (30 дена, кои истекоа заклучно со 17.02.2010) по што согласно со законската обврска извршена е задршка на средствата на општините во висина на неизмирените обврски. Струшкиот градоначалник со прашање, зошто средства не се земени од сметката на ЈКП Проаква, туку од сметката на општината.
Од Минстерството децидни. Потенцираат дека ЈКП Проаква е должна да ја врати сумата која ја има повлечено од кредитната линија на ЕБОР. Доколку јавното претпријатие не ја сервисира својата обврска на време, според утврдените законските прописи сумата се повлекува од сметката на општината, која е гарант на заемот, а градоначалникот е еден од потписниците од договорот за заем.  Струшкиот градоначалник запраша зошто пак Министерството за финансии, не им овозможило репрограмирање на долгот  за доспеаните обврски по основ на кои извршило плаќање.
Од Министерството за финансии информираат дека претходно на 2 пати уредно со дописи од 05.01.2010 и 04.02.2010 биле известени градоначалниците и директорите на јавните претпријатија за обврската за отплата на долгот кон Европската банка за обнова и развој, како и последиците согласно законот доколку не се реализира навреме отплатата. Но од министерството ни останаа должни одоговор на прашањето, зошто да се враќаат средства од кредит за проект кој не бил технички примен.Охридскиот градоначалник изјавува дека ставањето потпис за прием на ваков проект би било еднакво на криминал.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top