Секој го сака имотот во Св.Наум

„Го бараме тоа што беше наше“, велат на НП Галичица за земјиштето во Св. Наум со кое до скоро стопанисуваа.

 |  Татјана Маленкова  | 
Sv.Naum
Св.Наум

„Го бараме тоа што беше наше“, велат на НП Галичица за земјиштето во Св. Наум со кое до скоро стопанисуваа.

Релевантните министерства почнаа позитивно да се изразуваат по основ на ова прашање. Последниот збор треба да го каже владата. Од МПЦ пак не сакаат ни да се праша за сопственоста на овој имот.  

Н.П. Галичица се поблиску до земјиштето кај комплескот Св наум. Министерството за животна средина позитивно се изрази по барањето на установата за враќање на корисничкото право на земјиштето. Веќе три години Националниот парк се обидува да го врати корисничкото право на 15 илјади метри квадратни земјиште одземено од страна на владата на 14 јули 2006 год.  

Во моментов НП стопанисува само со островот, додека за одземениот дел раководството на галичица има  поднесено барање за враќање на корисничкото право. Откако сите релевантни фактори позитивно ќе се изразат по основ на ова прашање, последниот збор треба да го каже владата.
НП Галичица веќе прави планови за тоа како ќе го искористи земјиштето доколку им биде вратено.

Sv.NaumНа нашиот обид да дознаеме кој во моментов стопанисува со спорното земјиштето кај комплексот Св наум,не успеавме да добиеме одговор. Нашите соговорници не упатуваа едни кај хотелот маркони, кој во моментов наплаќа за користење на паркинг просторот при влезот во Св. Наум, други кај НП, а трети кај МПЦ. ТВ М стапи во контакт со портпаролот на МПЦ Г Тимотеј со цел го дознаеме нивниот став околу сопственоста на земјиштето.

Се надеваме дека за кратко време овој проблем ќе се реши и ќе се знае кој стопанисува со земјиштето кое е дел од најатрактивната и најпривлечна локација  за туристите во охрид. Тв М и во иднина ќе ве информира за сите случувања околу спорното земјиште.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top