СЕДУМТЕ ЧИНАРИ ОД ОХРИД ПРОГЛАСЕНИ ЗА ПРИРОДНА РЕТКОСТ

На иницијатива на Општина Охрид и по подготовка на целокупната документација од Одделението за заштита и влијание врз животната средина, неодамна Владата на Република Македонија ги прогласи седумте чинари од Охрид за природна реткост.

 |   | 

Согласно Решенијата на владата објавени во Службен весник бр. 141/21 од 24.06 2021 година за природни реткости се прогласени чинарите: во близина на Здружението на пензионери; во населба Воска; единечното стебло Кочеџик во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“; пред зградата на Црвен Крст; во Влашка Мала; во населба Кошишта и чинарот кој е во Централното градско подрачје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top