Седницата на советот, жртва на меѓупартиската „комуникација“

Петнаесеттaта седница на Советот на општина Охрид во сенка на препукувањата помеѓу централната и локалната власт.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sovet
Совет

SovetДенешната петнаесетта седница на Советот на општина Охрид, бојкотирана од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски, изјави дека причина за бојкотот е тоа што официјалната веб страна на општината е злоупотребена во политички цели, како и за изнесување на најниски навреди против личности, се со цел, нивна деградација. Тој додаде дека овој вид на комуникација претставува срам за Охрид, а советничката група на ВМРО ДПНЕ мора да реагира соодветно. Советниците на ВМРО бараат извинување за последните два текстови и нивно повлекување од општинската веб страна како и подигање на нивото на комуникација. Паноски истакна и дека:
„Подоговени сме да иницараме средба помеѓу новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ со општинското ракводоството на СДСМ се со цел, меѓусебните вербални препукнувања и прозивки да престанат.“
Портпаролот на општината пак, Никола Манески  истакна дека право е на советниците и советничките групи, дали ќе присуствуваат на седниците на советот или не.
Што се однесува до обвинувањата во врска со како што вели тој наводната злоупотреба на општинската веб страница, Манески изјави дека, „таа веб страна не е негова сопственост или сопственост на било кој службеник од општината, туку истата е на општинската администрација и ги одразува ставовите и информациите кои се корисни за медиумите и јавноста.“
Според тоа не гледа причина ни потреба да се извинува.
На маргините на меѓупартиските препукувања се случи и и петнаесеттата седница. Започна со речиси еден час задоцнување. На советниците им беше потребен само нешто повеќе од еден час да прелетаат преку предлог одлуките за усвојување на извештаите за реализација на програмите и работата на одделениата. Сменета беше само последната точка на предлог барање на градоначалникот Петрески, која беше во врска со донесување на предлог одлука за усвојување на записник и збирен извештај за проценетите штети на подрачјето на општина Охрид. Тој образложи дека причина за барање за изоставување на оваа точка од дневниот ред е тоа што сеуште се проценува штетата, така да сеуште не е возможно да се направи збирен извештај.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top