Седница на Советот во петок, ќе се разговара за проценката на штетите од земјотресот

Предлог Одлуката  за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на дневниот ред на седумдесет и третата седница на Советот на општината закажана за петок.

 |   | 

Покрај за Предлог Одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 03.07.2017 година, овој петок градските избраници ќе дискутираат и за Предлог Одлукаи за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 и 25 ученици во неколку основни и среди училишта. На дневен ред ќе биде и усвојувањето на Предлог Одлука за давање мислење на програмата за изведување на училишните екскурзии, како и Предлог Одлуката за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ Охрид со помал, односно поголем број деца од законски утврдениот број.

Ќе се гласа и за реализација на програмите за развој на туризмот, ЛЕР на општината, спорт и рекреација, комунална хигиена и за програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици. Исто така на оваа седница на двенев ред се најде и усвојувањето на Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2017 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top