Денешната седница на совет не го понуди очекуваното. Започна со задоцнување и заврши пред да се дискутира за жешките точки од дневниот ред.
Педесет и втората седница на советот на општина Охрид според својот дневен ред набилдан со 39 точки, многу ветуваше, но малку понуди. Новинарите, а и јавноста очекуваа да дознаат дали ќе се одлучи конечно да отпочне постапката за изградба на долгоочекуваната катна гаража или не, но до оваа точка советниците не стигнаа. Десетина точки кои беа најинтересни меѓу кои и договор за Јавно приватно партнерство за изградба на катна гаража како и договорот за Јавно приватно партнерство за изградба на автобуска станица во општина Охрид не дочекаа по нив да се дискутира бидејќи седницата беше прекината некаде на половина. По се изгледа отсуството на Градоначалникот Александар Петрески и на координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски кои денес се во Корча во соседна Албанија каде треба да потпишат заедничка декларација за воспоставување на регионот Охрид Преспа за биосверен резерват заштитен од УНЕСКО, си го направи своето. Советниците малку пожестоко продискутираа само околу новата точка од дневниот ред, а тоа е реконструкција и одржување на јавното осветлување преку Јавно приватно партнерство. За советниците од ВМРО ДПМНЕ јавното приватно партнерство не е прифатлив модел бидејќи Локалната може истиот ефект да го постигне доколку изготви меѓународен проект со кој ќе аплицира до ЕУ од каде може да добие пари за реконструкција и одржување на јавното осветлување.
Контра изјавата на Дамоска беше изјавата на Бранислав Трпчевски, од Секторот за јавно осветлување, кој рече дека Јавното приватно партнерство е најдобра солуција за одржување и реконструкција на јавното осветлување.
Советниците после овие дискусии само креваа рака за и против. Поминаа сите Предлог Одлука за усвојување Годишен извештај за работата и Извештај за материјално финасиското работење на ОУ во општинава. Помина и Предлог Одлуката за давање согласност за зголемување на бројот на воспитни групи на деца во детската градинка ЈОУДГ ” Јасна Ристеска” Охрид како и Предлог Одлуката за усвојување на елаборатот за проценка на штета од град проследен со силен ветар и дожд во општина Охрид Дополнително ќе се закаже продолжението на 52 седница, кое по се изгледа ќе биде жешкo.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град