Дваесет и деветата седница на градскиот совет со многу прашања од кои само дел добија одговори.
Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа.
ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез и едно сериозно стопанисување кое треба да ги надмине партиските интереси и партиските вработувања пред се и да им овозможи на претпријатијата да застанат на нозе. Доста се повикуваат на лошото менаџирање на нивните претходници. Сегашните директори кога се нафатија на тие позиции требаше да бидат подготвени да ги извадат претпријатијата од лошата финансиска состојба, рече советникот од ЛДП, Дејан Блажески.
Позицијата пак со став.
Сакам да ги пофалам сите Јавни претпријатија бидејќи стварно добро работат со голем ентузијазам и мислам дека ако вака продолжат за брзо време ќе имаме позитивни резултатаи и ќе го вратиме Охрид на вистинскиот пат, рече советникот Климе Шешоски.
И годишните извештаи за работа и материјално- финансиското работење за учебната 2013/ 2014 година на основните и средните училишта во градов како и на музичкото училиште и градинката „Јасна Ристеска“ кренаа прашина меѓу советниците. Опозицијата не беше задоволна бидејќи уште на 05.09 побарале од Градоначалникот да им достави извештај колкави се долговите на училиштата, но одговор не добиле. Ставија забелешка и на отсуството на дел од директорите на училиштата со што беше оневозможено да одговорат на прашањата поставени до нив. Опозицијата не беше задоволна и од начинот на изготвувањето на извештаите.
Она што е суштинска забелешка од наша страна е вклучувањето во овие извештаи на податоци кои не се потребни како на пример резултатаите од екстерното тестирање кои не се потполни. Овие резултатаи ништо не значат ниту пак некој ги побара. Со тоа само непотребно се оптоваруваат извештаите, а не се запазува суштината, вели советничката од СДСМ Оливија Пирузева Јанева.
Советникот Јован Стојаноски пак имаше забелешки на материјално-финансиското работење на
училиштата.
Од финансиска страна гледано извештаите се прилично штури. Во нив се дадени само номинални вредности кои не покажуваат дали има исполнување или нема исполнување на планот, вели советникот од СДСМ, Јован Стојаноски.
Секретарот на општината Димитар Спасески пак со став дека работите во образованието никогаш не биле подобри од сега.
Треба да ја поздравиме работата на овие директори бидејќи досега не го задолжиле образованието во градов за ниту еден денар. Кога ќе имате бројки дека тие директори го задолжиле ќе имате право да излезите на оваа говорница и да ги напаѓате, а денес овие извештаи треба да ги поздравите бидејќи овие директори финансиски ги стабилизираа училиштата, рече секретарот на општината, Димитар Спасески.
Откога советниците ги изгласаа извештаите за работењето на ЈП и за училиштата во градови како и програмите за работа за учебната 2014/ 2015 година, ги усвоија и предложените одлуки за измена на распоред на средствата во буџетот на општина Охрид за 2014 година, за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални такси и за измените и дополнувањата на статутот на ЈП „ Градски гробишта“ . Едногласно беа прифатени и точките од урбанистичката сфера.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град