Седница без дилема

Шестата седница на Советот на општина Охрид помина експресно. Советниците уште од денес ги зафати празнично расположение.

 |  Билјана Николовска  | 

Денешната сединца траеше само 30 минути. Веднаш на почетокот претседателот на Советот Душко Јаковчески помина на главното, и од предвидени 20 точки на дневен ред, седницата се сведе само на пет. Воглавно, советниците го испочитуваа неодамнешниот старт на новата учебна година, и приоритет дадоа на предлог одлуките за формирање на паралелки со помалку од 25 ученици во повеќето охридски средношколски центри.

На денешната седница беше усвоена и одлуката за давање под наем на училишните спортски сали, поточно се утврди начинот на нивното издавање.
Наредната седница е закажана за 14 септември и на неа ќе се разгледуваат останатите точки. Меѓу нив е е и точката околу поставувањето на споменикот на Св Наум по предлог на градоначалникот Петрески, предлог одлуката на Трпчевски за усогласување на генералниот и деталниот урбанистичи план во одредени урбанистички планови, како и предлогот на Вељаноски за измена и дополнување на одлуката за изградба на споменици на Кнегињата Олга и Владимир.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top