Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври

Свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на востанието на македонскиот народ, засенета. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, пратеникот Сашо Василевски, претставниците на Локалната самоуправа, директори на јавните претпријатија и на охридските училишта денеска ја напуштија свечента академија изреволтирани од вториот дел на говорот на Гоце Георгиески, претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца.

 |  Јаковлева Лионела  | 
svecena sednica
свечена седница

 

Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пратеникот Сашо Василевски, претставниците на Локалната самоуправа, директори на јавните претпријатија и на охридските училишта денеска ја напуштија свечента академија изреволтирани од вториот дел на говорот на Гоце Георгиески, претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца. Георгиески откога во своето излагање се осврна на значењето на овој историски датум, даде и свое видување, и како што рече, видување на борците за актуелните моменти во државата.свечена седница

Не е важно каде лежи вината за состојбите во државава. Важно е дека ни се случува егзодус на млади мозоци и ова состојба не може, а да не не загрижи. Борците велат дека нашата борба беше за подобар живот  на сите граѓани , а сега тешко ни паѓа кога гледаме сиромашни луѓе во државава, рече Георгиески.

Ваквото излагање на  претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца најпрвин предизвика револт кај градоначалникот Бакрачески кој стана и излезе од салата , по што неговата постапка ја следеа и дел од останатите присутни. Откога  заврши говорот на Георгиески и започна културната програма посветена на празникот тие се вратија во големата сала на општината да ја проследат до крај свечената програма.
Инаку, пред да настане оваа несакана ситуација Градоначалникот имаше свое обраќање по повод овој светол и важен датум во македонската историја. Тој меѓу другото рече.cveke

Денес 73 години по започнувањето на четиригодишната народно ослободителна епопеја на македонскиот народ  во втората светска војна живееме во слободна и независна држава што е остварување на многу годишниот сон на македонецот, подвлече Градоначалникот.

Денес делегација од Советот на општината и од  Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца по повод утрешниот празник, 11 октомври, денот на востанието на македонскиот народ, положија свежо цвеќе на бистите на загинатите борци во градскиот парк.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top