Сечија помош за спас на ФК Охрид 2004 е добредојдена!

Ова беше заклучокот на денешната средба помеѓу градоначалникот Петрески и фудбалерите на ФК Охрид 2004. За да се надмине кризата, градоначалникот најави формирање на координативно тело во кое ќе има претставници од сите добромисленици за Охридскиот прволигаш.

 |  Мишел Наумоски  | 
fudbaleri
fudbaleri

fudbaleriОва беше заклучокот на денешната средба помеѓу градоначалникот Петрески и фудбалерите на ФК Охрид 2004. За да се надмине кризата, градоначалникот најави формирање на координативно тело во кое ќе има претставници од сите добромисленици за Охридскиот прволигаш. Ова се денови во кои тешко е да се видат границите помеѓу спортот и политичко-финансиските игри. Охридскиот фудбалски прволигаш, Охрид 2004 ги доживува своите најтешки мигови. Разрешницата на проблемот со неисплатените плати на фудбалерите станува се посложена. Фактот дека потписник на жиросметката од која фудбалерите примаат плата е Гоце Малезанов, член на управниот одбор на клубот, ја прави ситуацијата уште потешка. Поради несогласувањата помеѓу управниот одбор и фудбалерите, се поневозможна станува и опцијата општината да им префрли пари за плата на фудбалерите, пари кои се предвидени во општинскиот буџет. Екипата која по слабиот старт успеа да се воздигне од пепелта и под водството на српскиот чудотворец, тренерот Драган Антиќ сега е непоразен на последните шест средби. Поради тешката ситуација, фудбалерите денес на средба со градоначалникот Петрески со цел да изнајдат заедничко решение.
„Мислам дека впечатоците се доста позитивни, и дека ја имаме подршката на целиот град и општината барем според ветувањата кои сега ги дадоа. Еден од најголемите пријатели на клубот во моментов е Дејан Панделески, еден од сопствениците на „Пелистерка“ кој ни даде не само финансиска туку и морална подршка и мислам дека со негова и со помошта на градот можеме да создадеме еден стабилен прволигаш.“-вели тренерот Драган Антиќ.
Градоначалникот Петрески го искажа својот оптимизам за надминување на моменталните проблеми, но најави и преземање на конкретни чекори за излез од тешката состојба. „Ние формиравме едно работно тело со кое понатака ќе имаме неколку состаноци со сите заинтересирани во клубот Охрид, а исто така и со постоечкото раководство и финансиери и спонзори на клубов како да излеземе од оваа кризна ситуација сите заеднички со клубов. Фудбалерите постигнуваат извонреден успех и нормално си бараат плати за она што играат.“-истакна градоначалникот Петрески.
fudbaleriВерба во успех и во подобра иднина покажаа и фудбалерите на ФК Охрид 2004 кои се најзасегнати од целата ситуација. „Прво да се заблагодарам на градоначалникот за одличниот прием, задоволни сме од тоа што го кажа и се надеваме дека конечно ќе се решат проблемите во клубот. Има некои заинтересирани луѓе кои навистина сакаат да помогнат на фудбалот, на спортот.“-во името на фудбалерите изјави Александар Велески. Своето мислење, но и својата подршка и верба во клубот ја искажаа и секогаш гласните навивачи од навивачката група „Рибари“. „Знаеме дека со зборови сите се јаки, но тоа треба да го докажат, како градоначалникот, така и сите спонзори кои искажаа желба за подршка на клубот. Ние како навивачка група ветуваме дека ако треба и финансиски ќе го подржиме клубот Охрид само да оди спортот напред. Исто така сакам да истакнам дека Охрид моментално го има најдобриот тренер во Македонија и исто така има доста добра екипа која стои на цврсти нозе во Првата македонска лига и која може да се бори како што кажа тренерот за европските купови.“-рече претставникот од навивачката група „Рибари“, Љупчо Филипоски. По сите финасиски проблеми и фактот што фудбалерите 7 месеци немаат земено скршен денар, во прашање беше доведено и одигрувањето на саботниот натпревар против Тетекс. Сепак по разговорот со градоначалникот, беше решено да се настапува. Се чини ништо не може да го сруши и победи фудбалското лавовско срце. И тренерот Антиќ и фудбалерите најавија жесток натпревар во сабота и борба за нови три бода за Охриѓани. Па да им посакаме успех!

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top