Изгоре електричната табла во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“. Пожарот бил изгаснат веднаш благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица. Причинета е само материјална штета, информираат од училиштето.
Утрово околу 9 часот и 30 минути избувна пожар во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“. Целосно изгоре електричната табла. За среќа во моментот во салата не се одржувал час по физичко образование, информираше директорката на училиштето Силвија Мојскска. Присутен бил наставникот по физичко кој веднаш го пријавил пожарот.
„Немил настан кој навистина не вознемири, штетите се само материјални, многу брзо е реагирано благодарение на брзата интервенција на единицата на противпожарната единица како и екиптие на ЕВН,се тоа е санирано, останува само штетата да ја надоместиме и да ја поправиме таблата“ – вели Мојсоска.
Сеуште со точност не може да се каже која е причината за пожарот во кој изгоре електричната табла од училишната сала, дали е тоа поради преоптовареност или нешто сосема друго, но директорката Мојсоска, првично изрази сомнеж за можна причина.
„Не е точно утврдено се смета дека е некое животнои тоа има направено штета, тоа се претпоставки. Сето тоа е добро заштитено малку тоа ме зачудува затоа што оваа електрична инсталација е нова, нешто надворешен е проблемот“– смета Мојсоска.
Директорката вели дека во најкраток рок ќе се надомести штетата, секако со помош на општина Охрид. Инаку како што информираше Горан Маркоски, од Територијалната против пожарна единица веднаш после дојавата од нивна страна биле преземени сите потребни мерки и за 15 минути пожарот бил изгаснат. Делувале со 1 возило и 3 пожарникари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град