Се заокружува проектот за управување и одржливо користење на Белчишко блато

Се заокружува проектот за управување и одржливо користење на најголемиот зачуван блатен сиситем во Mакeдонија, Белчишкото блато. Здружението  „Екотуризам 2016“ спроведе голем број проектни активности со цел валоризација, заштита и промоција на овој значаен билошки и хидролошки локалитет во Општина Дебрца.

 |   | 

Во подножјето на Илинска Планина, под нејзиниот западен огранок Габер се наоѓа Белчишкото блато.  Блатото се потхранува од најмалку 11 карстни извори познати како Сини Вирој  и се протега на околу 137 хектари што го прави најголемото блато во Македонија. Во септември ќе биде закружен проектот за подобрување на управувањето и одржливо користење на ова блато. Нешто повеќе од една година,  здружението  „Екотуризам 2016“ со помош од UNDP спроведе голем број активности во насока на валоризирање и заштита на овој значаен локалитет како мониторинг на растителни, животински видови и евловата шума, поставување видиковци, кула за посматрање на птици, информативни знаци и табли, истражување на социо-економското значење на блатото,

Исто така мошне важна компонента е тоа што изработивме и мапи на блатото. За прв пат се изработени прецизни детални мапи  врз основа на споредби на сателистки снимки од 1984 год. до 2019та и добиени се нови сознанија за површината на блатото која што сега изнесува 137 хектари вклучувајќи ја и евловата шума која што е 28,2 хектари и како таква е најголема површина под евлова шума во Македонија. – објаснува Ѓоко Зороски – проект менаџер

Голем број од активностите во проектот се однесуваат на подигнување на јавната свест за значењето на блатото и негова промоција. Изработен е документарен филом кој излезе неодамна. Изработена е веб страна (belciskoblato.mk) на која се достапни сите информации за блатото и за проектот. Ќе се изработи и промотивен материјал како разгледници и маици.

„ А последни активности ни се изработка на две брендирани автобуски постојки во Ботун и Белчишта како и набавка на рачна опрема за гаснење пожари која е неопходна на општина Дебрца. Така што овој проект претставува чекор напред кон прогласување на Белчишко Блато за национачно заштитено подрачје, бидејќи во овој момент тоа е само дел од  т.н. Емералд мрежа на заштитени подрачја во Македонија но сеуште нема статус на заштита во законски рамки во државава. А е многу важно затоа што  е идентификувано како подрачје значајно во европски рамки од европската кохерентна мрежа НАТУРА 2000 на заштитени подрачја. “ – вели Зороски.

Проектот започна во мај 2018 г., финансиран е од ЕУ а здружението „Екотуризам 2016“ го спроведе во соработка со  канцеларијата на UNDP, Скопје,и поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.  Зороски вели дека Здружението во сите проектни активности имало голема помош и поддршка од страна на Општина Дебрца и градоначалникот Зоран Ногачески кои во иднина ќе бидат управувачи со Белчишкото блато и ќе остваруваат бенефит од  туристички или научно истражувачки посети на овој значаен биолошки и хидролошки локалитет.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top