Се вршат последните подготовки за претстојниот „Охрид-фест“

Се вршат последните подготовки за претстојниот „Охрид-фест“: песните се готови, пејачите во топ форма, сцената на Долни Сарај стокмена за промоција на новите фолк композиции.

 |   | 

Се вршат последните подготовки за претстојниот „Охрид-фест“: песните се готови, пејачите во топ форма, сцената на Долни Сарај стокмена за промоција на новите фолк композиции.

Музичкиот летен фестивал, „Охрид- фест 2020“, годинава ќе ја одржи традицијата и контунтинуитет долг 27 години во петок, на 11 септември, со одржувањето на Фолк- вечерта.

Годинава, поради неизвесноста предизвикана со пандемијата на Ковид- 19, не се одржуваат Интернационалната и поп вечерта, и покрај големиот интерес на популарните имиња од Балканот, и 15 телевизиски куќи од Бугарија, Албанија, Србија, Турција, Словенија, кои континуирано го пренесуваа фестивалот.

На фолк- вечерта, на најубавата сцена на Балканот, ќе настапат- Анита Бошкова, Гордана Микиќ, Мишко Микеле Србиноски, Зоран Христов, Милован Секулоски и Позитив бенд, Јуле Николовска, Методија Столески, Јовица Мицевски Бамбус, Добрила Чабриќ, Анета Арсовска, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Баже Груевски, Ирена Спасовска, Скопски боеми, Ибро Лабунски, Петар Нечовски, Барбара, Благица Павловска…, се на се, ќе слушнеме 19 композиции.

Водителката на „Охрид-фест“ е Каролина Петковска, во ревијалниот дел ќе настапи Перо Христов, а наградата за промоција на музиката на Балканските простори му припадна на Ненад Нинчевиќ од „Тути фрути“ бенд.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top