Се враќаат Балканските тури со гости

Се очекува подобрување на состојбите во туризмот, но за враќање во нормала и постигнување на бројот на гости од 2019 година, сеуште не може да се зборува. Во март ќе започнат Балканските тури со гости од Малесија и Турција. Туристичкиот сектор почна да се вмрежува, се одржуваат и саемите за туризам.

 |   | 

Се враќаат Балканските тури со гости. Во декември во земјава допатува првата малезиска група туристи. Азија се отвора и се очекува во месец март голем наплив на туристи од Малезија и Турција, кои во серијали да го посетат Балканот и Македонија.

Се очекува подобрување на состојбите во туризмот, но за враќање во нормала ипостигнување на бројот на гости од 2019 година, сеуште не може да се зборува.

Се надевам дека бројките на туристи од Турција ќе се вратат како во изминатите години, бидејки интересот во Р. Турција за Балканот е голем. Азија, освен Малезија и другите држави се отвораат постепено за Европа, Балканот и за Македонија и дека бројките на гости оттаму ќе растат од месец во месец. Сите се надеваме дека ќе дојде крај на ова чудо кое го доведе туризмот на колена. Сите сме мотивирани и се трудиме што повеќе да изработиме. Ништо не се знае сепак короната зазема замав и во Европа и во Балканот има сеуште рестрикции. Се обидуваме да направиме нешто позитивно нешто да промениме. Да го зачуваме здравјето на нашите клиенти сепак тоа е приоритет, мислам дека оваа година ќе биде многу подобра од минатата, но сме далеку од 2019 – вели Филип Стефаноски, тур оператор од Охрид.

Почнаа да се одржуваат и саемите за туризам. Последниот саем за туризам „Фитур“ во Мадрид кој се одржа минатата недела е доказ дека туристичкиот сектор се вмрежува и почнува да бара начини за враќање на туризмот на старите патеки. Во февруари и март следат саеми за туризам во Истанбул, Софија и Белград.

Разговаравме со туристички компании од целиот свет. Сите се заинтересирани за нови производи Македонија како дел од Балканот беше интересна во пакет. Шпанските гости и латино пазарот се веќе активни гости на овој пазар и се надеваат дека ќе имаат успешна продажба и како што напоменав од јуни 2022 гостите ќе доаѓаат во овој регион. Туристичкиот сектор почнува да се вмрежува и се обидува да го врати туризмот на некое ниво од пред пандемијата. Се надеваме дека оваа година сите туристички сектори ќе имаат напредок и дека веќе од јуни ќе имаме зголемување на бројот на гости – вели Стефаноски.

Сите бизниси од туристички сектор се во тешка финансиска криза. Хотели, ресторани, туристички агенции едвај врзуваат крај со крај. И покрај нивните барања за поддршка од државата, до денес не добија финансиска помош.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top