Се вадеа заостанатите мрежи од дното на Охридското езеро

Заостанатите потонати мрежи во Охридско езеро претставуваат голема опасност за живиот свет во езерото, тие прават штета не само на рибниот фонд туку и на други живи компоненти.

 |   | 

Заостанатите потонати мрежи во Охридско езеро претставуваат голема опасност за живиот свет во езерото, тие прават штета не само на рибниот фонд туку и на други живи компоненти.

Загрозени се и пастрмките кои поради нивната специфика и биологија на однесување, кога еднаш ќе се најдат во овие мрежи на нивните рибни пловишта нема повеќе да доаѓаат, ниту да вршат природен мрест.

Вадењето на заостанатите мрежи е овозможено со финансиска подршка на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој, а имплементиран од GIZ North Macedonia.

Во реализација на проектот учествуваа екипи од Хидробиолошки Завод од Охрид и професионални нуркачи од Нуркачкиот Центар АМФОРА.

Mрежите се лоцираа со визуелна детекција и со употреба на ехо сонар, а потоа следуваше врзување и подигнување на брод со помош на витло и подводни лифтови. Нуркачите од АМФОРА работеа во екстремни услови на температура на вода од 8 степени на длабочина од 30-40 метри, во ограничена видливост и големи струења на водата.

На места постоеше голема опасност од заплеткување на нуркачите.

Скелети од риби, школки, изумрени единки, остатоци од птици, ракови, краби ова е само дел од се она што можеше да се види во извадените мрежи.

Во оваа акција беа извадени вкупно 230 рибарски мрежи со должина од околу 12 километри.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top