Се рушат објекти во Охрид

Правдатa конечно е задоволена вели сопственичката на земјиштето Мирјана Зеко, наспроти револтот и гневот на оние на кои им се руши.

 |  Николовска Биљана  | 
ислеување
иселување

Правдатa конечно е задоволена вели сопственичката на земјиштето Мирјана Зеко, наспроти револтот и гневот на оние на кои им се руши.

Денес на пресекот на ул Бистрица со Гоце Делчев, се рушеше времен објект. Должниците на објектот беа крајно револтирани од случувањата, за кои упатија сериозни обвинувања. Шемо Басви кој се јавува во својство на сопственик на објектот вели дека рушењето е нерегуларно и зад него стои чист криминал од страна на релевантните инстанци. Тој пред три дена специјално за овој случај, се вратил од Америка каде живее и работи.

prodavnicaСудскиот извршител Маријан Деребан вели тој постапува по барање за извршување на доверители и тоа Зеко Ади Шемси и Зеко Тургут за рушење објект и давање на земјиште во владеење.

За Мирјана Зеко, пак правдата победува. Таа за ТВМ изјави дека поседува комплетна документација за целиот спор. Зеко изјави дека во овој случај е правен голем криминал, од кој секогаш ќар имале физички лица. Таа им порача на сите кои негодуват правдата да ја бараат кај оние од кои што се измамени.

Денешниот настан ја разбранува охридската јавност. Насобрана толпа  луѓе будно го следеше целиот процес на постапката на извршителот. Коментарите беа најразлични, но упатени на иста адреса, дека за се виновна е државата.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top