Се реновираат соблекувалните на СРЦ „Билјанини Извори“

Се подобруваат условите за развој на спортот во градов. Деновиве на СРЦ „Билјаноини извори“ се реновираат соблекувалните и санитарните јазли. Со тоа се добива еден комплетно уреден дел на градскиот стадион, вели директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска.

 |  Николоска Биљана  | 

Се реновираат дел од просториите на СРЦ „Билјанини Извори“. По најавата дека неколку фудбалски екипи од нашата земја но и од Србија и Албанија, зимските подготовки ќе ги прават на СРЦ. Дирекотрката Гордана Јовановска вели дека потребата од реновирање на соблекувалните се наметнала поради лошите услови за престој на спортистите.

Соблекувалните беа во крајно незавидна состојба, руинирани со мувла, влага…се обидуваме до некој степен да ги оспособиме да излгледаат уредно чисто за зимските припреми кои што ги очекуваме да се одвиваат на СРЦ „Билјанини Извори. Подот беше само со цименто и обложен со мушама, тоа го тргнавме и ставивме плочки, ставивме нови седишта за играчите, во наредниот период планираме да ги реновираме и купатилата и санитарните чворови.

После овој мал проект за реновирање, Јовановска открива дека во СРЦ треба да се направат и посериозни зафати како што е тоа уредување на трибинскиот простор.

Под трибинскиот простор е мал. Наредна поголема инвестиција која што треба да се одвива на градскиот стадион е правење на нови трибини, комплетно реновирање на постоечките со што ќе се отворат поголеми простории кои според стандардите на светската и Европската фудбалската федерација треба да имаме простории за допинг контрола, за масажа, за делегати, судии итн.

Јованоска вели дека наредниве 4 години планирано било да се уреди Спортскиот центар онака како што му доликува на градот, а за тоа волни биле да помогнат и од Локалната самоуправа на општина Охрид и од Централната власт. Таа забележува дека во последно време се повеќе млади има на спортските терени во Билјанини Извори, што радува како податок, наместо да седат дома пред компјутер или на други места каде земаат наркотици, пушат или пијат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top