Се реновира Факултетот за туризам и угостителство

Факултетот за туризам и угостителство се подновува. Извршена е замена на дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се вршат зафати на промена на кровот. Ова се прави со пари од Министерството за образование. За наредната година се очекува да добијат дополнителни средства со кои ќе се смени целокупната дограма и ќе се реновираат предавалните.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се реновира Факултетот за туризам и угостителство. Со пари од Министерството за образование во висина од 3 милиони денари се смена дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се работи на промена на кровната конструкција која била стара и дотраена, а што е уште полошо била направена од азбесни плочи кои кога се распаѓаат се опасни по здравјето на луѓето.

Го променавме кровот со нови материјали, со лимен покривач со поставена изолација. Активностите се сеуште во тек и целиот тој проект за промена на кровот и дограмата ќе овозможи подобра енергетска ефикасност и ќе заштедиме на греење, објаснува деканот на ФТУ, Цветко Андреески.

Деканот вели дека поголеми зафати на старата зграда на факултетот не се правени од неговото формирање, а тоа е пред 40тина години. Со овој проект ќе се подобрат условите за студентите, но и за персоналот кој работи во оваа

Затоа што успешно ги искористивме овие средства имаме најава дека и нареднава година ќе добиеме дополнителни средства од Министерството за образование за промена на остатокот на дограмата. Па дел по дел ќе ги подобруваме инфраструктурните услови на оваа институција, вели деканот.

Покрај промената на кровот и дограмата планирано е да ги обноват предавалните, да ги молерисаат, да го сменат подот и да набават нов инвентар. Очекуваат од ресорното министерство за овие зафати да добијат околу три милиони денари, а зафатите ќе се прават најверојатно на лето кога студентите се на одмор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top