Министерот за одбрана Зоран Коњановски во посета на автокампот „Свети Наум“, со цел лично да се увери за текот на активностите за целосната реконструкција на комплексот. Во првата фаза од проектот е предвидена изградба на 15 бунгалови, која се очекува да биде завршена до крајот на август годинава, кога во новоизградените бунгалови според плановите треба да бидат сместени првите гости. Комплексот по завршувањето на првата фаза ќе има вкупно 34 бунгалови и ќе биде од полуотоворен тип, така што покрај припадниците на АРМ, ќе може да летуваат и останатите граѓани на Република Македонија.
„ Од 1969 година од кога постои кампот, досега немало ваква инвестиција. Околу 25 милиони денари од буџетот на Министерството за одбрана веќе се обезбедени за проектот чија реализација започна оваа, а е предвидено да заврши идната година“, рече министерот Коњановски.
Проектот кој комплетно треба да биде завршен во 2012 год. покрај бунгалови опфаќа и изградба на марина, спортски терени но и прочистителна станица.
„Оваа година решаваме уште еден горлив проблем, во насока на заштита на Охридското Езеро. Автокампот ќе добие нова пречистителна станица, инвестиција од четири милиони денари, што е наш влог во заштита на животната средина. Веќе е одбран добавувач на опремата, а нејзиното поставување започнува веќе утре“, додаде министерот.
Кампот што се протега на површина од десет илјади метри квадратни, по првата фаза од реконструкцијата ќе добие 1.508 квадрати новоизградена корисна површина, со капацитет од 204 легла. Инженерот Зоран Диновски објаснува дека со финалниот проект, предидена е изградба и на марина за пловни објекти, како и неколку спортски терени за рекреација. Од кампот целосно ќе бидат исфрлени дотраените авто-приколки, а сместувањето ќе биде во објекти од цврста градба, и тоа во предвидени 94 бунгалови со по 4 односно 6 легла и вкупен капацитет од 500 гости. За подобра сообраќајна комуникација автокампот ќе добие целосно нов влез, директно од регионалниот пат што ги поврзува Охрид и граничниот премин кај Свети Наум.
„Предвидено е во рамки на автокампот да има еден помал терен за спортови, како и едно големо фудбалско игралиште, со сите пропратни инфраструктурни објекти, што ќе се реализира во соработка со Агенцијата за млади и спорт, додаде Диновски на презентацијата на проектот“, истакна Диновски.
Реконструкцијата на автокампот „Свети Наум“ ја вршат исклучиво припадници на АРМ односно армиската градежна оператива.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град