Деновиве се започна со градежни активности во врска реконструкцијата на локалниот пат што го поврзува селото Злести со Манастирот „Сите Свети” во с.Лешани.
Деновиве се започна со градежни активности во врска реконструкцијата на локалниот пат што го поврзува селото Злести со Манастирот „Сите Свети” во с.Лешани.
Ќе биде реконструирана вкупната должина на локалниот пат од 1800 метри. Реконструираниот локален пат ќе биде со ширина на коловозот од 3,0 метри и банкини од 0.75 метри од двете страни на коловозот, односно вкупната ширина на новиот коловоз ќе биде 4,5 м. Трасата ќе се води и прилагоди према постојниот пат.На трасата моментално се врши проширување и тампонирање на банкините, во следната фаза ќе се изврши прво крпење на ударните дупки и на крај ќе се изврши надградба над постојниот асфалт со нов асфалтен слој.
Главна цел на овој проект е подобрување на постоечката патна инфраструктура односно реконструкција на локалниот пат од с.Злести до Манастир “Сите Свети” во с.Лешани кој е во многу лоша состојба. Очекувани резултати на проектот се подобрување на патната мрежа, подобар и полесен проток на луѓе и стока и подобри животни услови за локалното население.Вкупната вредност на инвестиција е 5,671,100.00ден.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град