Од Управата за Цивилна воздушна пловидба, чија комисија го испитува случајот, најавуваат дека резултатите од истрагата ќе бидат познати по десеттина дена.
Од Управата за Цивилна воздушна пловидба, чија комисија го испитува случајот, најавуваат дека резултатите од истрагата ќе бидат познати по десеттина дена.
Причините за вчерашниот пад на авионот Цесна, при кој животот го загубија четири лица ќе бидат познати по десеттина дена. Ова го соопштија од Управата за Цивилна воздушна пловидба, чија комисија работи на расветлување на случајот. Остатоците од авионот уште во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на вештачење во Агенцијата за воздухопловство во Скопје.
Според Агенцијата, првичните индиции за можните причини за несреќата, укажуваат на тоа дека пред падот на водухопловот, не биле забележани физички оштетувања и аномалии на авионот, ниту пак звукот на моторот укажувал дека нешто не е во ред со леталото.
Забележано е дека авионот пред несреќата летал до 50 метри над земја, иако од Контролата му е одобрено изведување на лет во висина од 1.000 фити односно 300 метри над терен, што всушност било одобрено на лично барање на пилотот Славчо Георгиев.
Веднаш по несреќата Секторот за безбедност, сигурност и безбедносни стандарди издал налог инспекторите да го обезбедат воздухопловот и местото на несреќата и заедно со полицијата да извршат увид согласно одредбите од законите за воздухопловство и за кривична постапка. Формирана е и комисија за преслушување на лентите на фрекфенцијата за работа во Контролата на летање во Охрид, која ја достави до инспекторатот.
Како дел од преземените активности земена е и изјава од шефот на смена во Контролата на летање во Скопје, контролорот на летање кој работел за време на нереќата, а добиена е и изјава од контролор на летање кој случајно се нашол на местото на несреќата.
Агенцијата информира и дека во меѓувреме министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески формирал Комисија за испитување на несреќи и сериозни инциденти во водухопловството, која веќе работи на терен.
Како што не информира истражниот судија Весна Кичеец, веќе е извршена обдукција на телата на загинатите, која ја спровела тим лекари од Битола под раководство на д- р Трифун Паноски. Се чекаат резултатите од обдукцијата.
Неофицијално, здравствената состојба на пилотот Славчо Георгиев, не е причина за авионската несреќа. Обдукцијата, покажала дека тој немал поголеми здравствени проблеми.
Во падот на авионот CESSNA 172 М во сопственост на пилотската академија од Скопје, животот го загубија пилотот Славчо Георгиев, сопственикот на познатиот охридски ресторан Ловец, Ѓорѓи Ристески и Гоце Тасески и Јонче Савески од охридско.
Дел од загинатите во авионската несреќа крај Охрид денес им беа предадени на нивните семејства и по што беа погребани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град