Се посега ли по охридски Комуналец?

Платен налог од 2000 евра за ЈП Охридски Комуналец и 400 евра за управителот на ова претпријатие е казната изречена од државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски.

 |  Николовска Биљана  | 
Saso Alcev
Сашо Алчев

Платен налог од 2000 евра за ЈП Охридски Комуналец и 400 евра за управителот на ова претпријатие е казната изречена од државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски.

„Ова е тенденциозна постапка на државниот инспектор“, вели Алчев зготвена во партиските кујни.

deponijaЈП „Охридски Комуналец“ санкционирано од страна на државниот инспектор за животна средина, Игор Трајкоски за неправилно постапување со депонијата Буково. Ова јавно претпријатие доби платен налог од 2000 евра.

„Ова  е очигледен пример дека партиските кујни почнаа да делуваат со цел рушење углед на Охридски Комуналец“, вели ВД директорот Сашо Алчев.

Тој додава, смешно е да бидеме обвинети, дека со депонијата Буково не постапуваме со должно внимание, и оставаме отпад да гори и неконтролирано фрламе отпад. Со ова се посегна по џебот на ЈП и тоа сосема неоправдано. За тоа известено е Министерството за животна средина и ќе одиме до крај барајќи ја правдата, вели Алчев.

Алчев се заканува со кривична пријава до државниот инспектор за животна средина Игор Трајкоски  доколку се констатира дека ЈП не е виновно за работите за кои е санкционирано. Тој додава дека мора да се утврдат надлежностите и ингеренциите на државниот инспектор за платниот налог и да се види врз база на што, тој така одлучил.

Неразбирлива е санкционата постапка на државниот инспектор, Трајкоски кој според Алчев не е упатен во работите и мисли дека има депонија само на Буково. Алчев додаде Трајкоски да погледне во фактите.

ТВМ стапи во контакт со државниот инспектор Игор Трајкоски. Тој кратко кажа дека нема овластување да дава било какви изјави на оваа тема. За детали не упати до директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Фирус Мемед. Директорот на Државнит инспекторат за животна средина Фирус Мемед, ги отфрли изјавите на Алчев, дека се тенденциозни во врска со санкцијата. Мемед рече дека не разбира кои му се мотивите на директорот Алчев, кој неколку пати е опоменуван. Спрема сите ЈПво државава се постапува согласно пропишаните законски нормативи и не стравуваме од никакви закани за кривична пријава, додаде Мемед.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top