Советот на родители на ОУ „ Братство Единство “донесе одлука дека додека не се санираат настанатите штети на ова училиште кои се последица од земјотресите кои го затекнаа регионов, и додека не се добие извештај од релевантни институции, ИЗИС и сл. децата нема да посетуваат настава во училишната зграда.
Сe понеизвесен почетокот на учебната година за учениците од централниот објект на ОУ „ Братство Единство “. Советот на родители од ова донесе одлука дека додека не се санираат настанатите штети на ова училиште кои се последица од земјотресите кои го затекнаа регионов, и додека не се добие извештај од релевантни институции, ИЗИС и сл. децата нема да посетуваат настава во училишната зграда. Телевизија ТВМ неодамна пишуваше за овој проблем и за состојбата во која се наоѓа училиштето. Главниот влез во централната училишна зграда е опасен заради напукнувања на носечкиот столб над влезот. Пропаднати се и надворешните скали кои водат до влезната врата. Посериозни оштетувања има и на фискултурната сала. Санација и поправки на училишниот објект се уште нема. Во меѓувреме училиштето распишало тендерска постапка за санација на штетите 40 дена по земјотресите. Комисијата за проценка на штети при увидот во школото констатирала материјална штета во висина од околу 750.000 денари. Но, сега најпрво ќе се санираат штетите кои се најприоритетни во висина од околу 455.000 денари.
Од Локалната не дадоа никакво објаснување зошто досега не се превзеле мерки за санација на школото и безбедно започнување на учебната година. Од Управата на училиштето kратко не информираа дека било договорено да не се користи главниот влез кој е небезбеден, туку децата да влегуваат од задниот влез.
Но од Советот на родители го негираат тоа. Велат: Никаков договор со управата на училиштето не е постигнат за алтернативен влез и е лага дека има било каков друг договор надвор од одлуката донесена од страна Советот на родители.
Инаку, централната зграда каде што е сместено ОУ „Братство и Единство“ е една од најстарите во градот изградена во далечната 1948 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град