• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Се отстрануваат дивопоставените платформи од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“

Се отстрануваат дивопоставените платформи од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“

Продолжува акцијата за отстранување бесправно изградени објекти во Охрид согласно препораките од УНЕСКО. Денеска според планот на општината требаше да се отстрануваат дивопоставените платформи од угостителските објекти, кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“. Дел од сопствениците побарале сами да си ги отстранат дивоградбите. Од локалната велат дека во текот на викендот, општинските инспектори ќе вршат контроли на активностите на угостителите кои самоиницијативно ги отстрануваат по добивањето на решенијата за извршување.

 |   | 

Денеска во рамки на акцијата за отстранување бесправно изградени објекти на локаланата, на ред за рушење дивите платформи од ресторанот Момир и кафе барот Ликвид. Но рушењето од страна на општината не започна. Сопствениците побарале сами да си ги урнат дивоградбите.

Денес се отстрануваат дивопоставените платформи од угостителските објекти, кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“. Дел од сопствениците на угостителските објекти кои претходно имаа добиено известувања за извршување, веќе имаа ангажирано сопствени екипи и веќе постапуваа во согласност со издадените решенија за отстранување на објектите, велат од локалната самоуправа.

Од локалната додаваат дека следниве денови ќе вршат контроли дали ќе се одвиваат градежни активности за отстранување. Доколку не се постапува согласно најавеното, општината ќе продолжи да ги извршува активностите за отстранување според предвидената динамика.

Акцијата за отстранување дивоградби согласно препораките на Унеско започна минатиот петок со рушење карабина на ул Марко Несторовски.  Но и таму сопствениците за да се спасат од трошоците го искористиле законското право сами да ја рушат дивоградбата. После тоа Кафе барот Аквариус сами почнаа со отстранување на платформата во возите на езерото.

Општина Охрид го поздравува потегот на угостителите кои одлучиле сами да ги отстранат дивопоставените платформи и уште еднаш потенцираат дека локалната самоуправа е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и успешноста на целокупниот процес за исполнување на препораките, со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО.
Во Охрид според регистарот постојат предмети за 1076 дивоградби од кои 406 во заштитено подрачје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top