Се одлага изградбата на првата катна гаража во Охрид

Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) ја поништи постапката за избор на фирма што ќе ја изработи проектната документација за катната гаража планирана да се гради кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ во центарот на Охрид, пренесува порталот „Build.mk“.

 |   | 

До АДСДП не била доставена ниту една соодветна понуда за изработка на проектната документација. По неуспешниот обид за комплетирање на постапката, од АДСДП во наредниот период ќе треба да објават нов оглас за пронаоѓање на проектантска куќа за првата катна гаража во Охрид.

Гаражниот бјект треба да се гради врз основа на победничкото идејно решение изработено од „Радиус Архитекти“ од Скопје, кои ја освоија првата награда на архитектонскиот Конкурс реализиран во февруари годинава. Катната гаража кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ ќе има приземје и четири ката и ќе се простира на површина од 4.500 метри квадратни. Претходната извршна власт предводена од партијата ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека изградбата на објектот ќе започне во текот на 2017 година, стои во написот на порталот „Build.mk“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top