Се обновува СОСУ Св.„Кирил и Методиј“

Полека ама сигурно се обновува средното општинско стручно училиште Св.„Кирил и Методиј“. Сеуште не може да стане збор за покапитални инвестиции, но се реновираат некои негови делови. Минатото лето се освежила фискултурната сала, а ова лето ќе се менува дограмата. Локалната ги поддржува овие зафати, а во иднина ќе се заложи уште повеќе.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Средното општинско стручно училиште Св.„Кирил и Методиј“ час поскоро треба да се поднови. Од буџетот на Општина Охрид секоја година се издвојуваат средства за реновирање на основните и средните училишта, но на оваа образовна институција и е потребна поголема финансиска инјекција. Училиштето бидејќи години наназад работеше во рамките на гимназијата Св. „Климент Охридски“ малку беше подзаборавено. Уште пред четири години требаше да се реновира фискултурната сала, да се изградат нови соблекувални и кабинет по физичка култура, но досега сеуште ништо од тоа.


Во летниот период сите училишта добиваме средства кои ги вложуваме во она што ни е најнеопходно за почеток на учебната година. Ние минатово лето ги варосавме ѕидовите во салата, ја уредивме и сега има пристојни услови за одвивање на часовите, но сеуште имаме потреба од нејзино комплетно средување, вели Славица Костоска, директор на Средното општинско стручно училиште св. „Кирил и Методиј“.

Директоркаат на ова средно стручно училиште кажува дека имаат многу планови за негово осовременување. Сега откако училиштето стана посебен правен субјект работите полесно се решаваат.

Локалната од нас постојано бара инвестициони програми . Ние одлучивме оваа година приоритет да дадеме на промената на дограмата заради заштеда на енергија. Во летниот период таа ќе биде зменета со алуминиумска или пвц, објаснува Костоска.

Планирано е да се уреди и  дворната површина во  училиштето. Вработените во училиштето не се во можност да го сторат тоа затоа ќе се ангажира ЈП „Комуналец“ да го оплемени дворот

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top