Се најде ли решение за проблемот со греењето во ОУ „Климент Охридски“?

Локалната со свои средства ќе ја менува дотраената дограма во ОУ „Свети Климент Охридски“.

 |  Мишел Наумоски  | 
problem greenje
проблем греење

Се наѕира ли конечно решение за проблемот со затоплувањето во основното училиште „Свети Климент Охридски“? Како причина број еден за овој сериозен проблем, се смета старата и дотраена дограма во ова основно училиште.

greenje Kliment Според зборовите на првиот човек на градов, градоначалникот Петрески, за скоро време и овој проблем би требало да добие своја разрешница.

„Свети Климент училиштето ние имаме намера да ја смениме дограмата бидејќи е стара, дрвена дограма и бевме до пред некој месец убедени дека со Норвешката амбасада имавме проект дека тие ќе вложат како амбасада за тоа да го направиме, дека има донација. Конечно ни одговорија за жал дека во оваа буџетска година не можат тоа да го направат, и ние ќе влезиме со сопствени средства тоа да го направиме.“-вели градоначалникот Александар Петрески.

Градоначалникот Петрески проговори и за добро познатиот проблем со истурената паралелка од ова училиште која се наоѓа во населбата Далјан, односно за разрушените објекти кои се наоѓаат во негова непосредна близина, а кои се непосредна опасност за децата кои учат таму.

skola Daljan„Имаме тука забрана за рушење. Имаме дописи кои можеме да ви ги покажеме дека ни забрануваат било што тука да правиме и нас тука ни преостанува парцелата околу да ја заградиме за да немаат пристап децата, да не се случи некоја несакана работа и затоа ќе одиме на средување на просторот тука комплетно.“-рече Петрески.

Петрески додаде дека локалната побарала и амин од Министерството за образование и наука за рушење и на самото училиште со цел да изградат посовремена зграда, но и за тоа добиле забрана. Сепак, Петрески дециден дека на тоа место треба да има училиште бидејќи во спротивно децата кои учат во оваа истурена паралелка би требало да се преместат во друго училиште.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top