Се најде лек за залениот отпад

Два нови продукти од третман на зелениот отпад. Покрај досегашната преработка на хартија и пластика ЈП „Охридски Комуналец“, ќе произведува муљч или декоративна пилевина и хумус.

 |  Билјана Николоска  | 
mashina
Машина

pilevinaДополнување на уште една коцка на мозаикот на градското зеленило во градов. Покрај селектирањето на хартијата и пластиката, ЈП „Охридски Комуналец“ почна со селектирање и на зелен отпад. Тоа го прави шредер, машина набавена од Германија, за што ЈП одвои нешто повеќе од 2 000 евра, средства од сопствен буџет. Првиот човек на претпријатието Сашо Алче, вели дека капацитетот на машината е од 6 до 8 метри кубни преработка на зелен отпад на час. Како продукт се добива муљч, кој пак ќе се употреби за подобар изглед на градските паркови, додава тој.

Ваквиот чекор е во интерес на граѓаните како би се подобрила сликата пред контењерите, каде секојдневно може да се забележи зелен отпад, вели Алче. Додава оти отсега па натаму граѓаните проблемот со зелениот отпад наједноставно ќе го решат само со едно јавување до ЈП и истиот ќе биде подигнат и третиран.

За брзо време од третманот на зелениот отпад како втор продукт ќе произведуваме и хумус, вели Алче. Тој додава дека оваа програма веќе е подготвена дури и одобрена од страна на советот на општина Охрид.

Директорот на ЈП, покрај оваа инвестиција најави дека за еден месец ќе има проширување на веќе постојниот капацитет на расадникот. Во тој контекс било планирано да бидат уредени нови полиња за саден материјал, кој пак после три години ќе даде квалитетен материјал за уредување на паркови и дворови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top