• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Се најде фирма што ќе ги чисти приградските населби и руралните средини од врнежи од снег

Се најде фирма што ќе ги чисти приградските населби и руралните средини од врнежи од снег

По втор обид се најде фирма што ќе ги чисти приградските населби и руралните средини од врнежи од снег. Откога првиот тендер кој го распиша Локланата пропадна таа распиша нов на кој се пријави фирмата„Експрес Димакс“.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охридската фирма „Експрес Димакс“ при пообилни врнежи од снег ќе ги чисти населбите северно од булеварот „Железничка“, улиците под булеварот „Железничка“, и селата во рамките на Националниот парк Галичица. Ова фирма беше единствена која се јави на врториот јавен повик кој го распиша општината. Локалната уште пред еден месец го  распиша првиот тендер за изнаоѓање фирми кои ќе се нафатат да ги исчистат патиштата во руралните средини од снег и мраз и за таа намена од буџетот  издвои 1 500 000 ден.  Тендерот се состоеше од четири дела, но тогаш само четвртиот кој ги опфаќаше селата од Опеница до Завој и Плаќе беше успешен и го доби фирмата „Марково долче“ . Првиот , вториот  и третиот дел пропаднаа бидејќи не се јави ниту една заинтересирана фирма. Патиштата северно од булеварот „Железничка“, улиците под булеварот „Железничка“, и селата во рамките на Националниот парк Галичица  долго време беа тешко проодни.

 ЈП „Охридски комуналец“ со својата механизација ги расчистуваше овие патни правци и тие сега се проодни. Но, тоа беше дополнителен напор и ангажман за ова претпријатие. Временската прогноза е дека се очекуваат нови врнежи од снег и сметам дека со избирањето на најдобар понудувач на овој тендер успешно ќе се справиме со предизвиците кои ги носи невремето и врнежите од снег кои се очекуваат, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

Иако овие денови температурите се во благ пораст, метеоролозите најавуваат дека студеното време ќе продолжи до крајот на месецот. Нови врнежи од снег и пад на температурите се најавуваат веќе од утре кои според прогнозите ќе бидат поинтензивни во југозападниот регион.
За викендов се највува влажен бран, кој ќе донесе врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Може да дојде до зголемување на веќе постоечката снежна покривка па затоа добро е овој пат снегот да не не изненади и да сме подготвени да се справиме со него и на време да го исчистиме од патиштата не само во градот туку и во приградските населби и руралните средини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top