Сеуште постои нелегална сеча на дрва во Н.П. „Галичица“. Последниве години многу се работеше на подобрување на состојбата во паркот. Се изградија неколку објекти од суштинско значење, паркот се обележа со информативни табли, се обележаа патеки за разни рекреативни активности , вели првиот чекор на оваа установа Зоран Ангелоски. Тој додава дека меѓу другото активно работат и на преземање соодветни законски мерки за сузбивање на неколкуте негативни појави кои се регистрираат во паркот, како што е тоа незаконската сеча на дрва и лов.
Санкциите за сторителите на нелегалната сеча на дрва во рамките на паркот се високи, вели Ангелоски. И покрај тоа и оваа годинава имаме регистрирано вакви случаи и против познати сторители веќе се преземени соодветни законски мерки, додава тој.
Познато е дека во паркот многу работи мрднаа од мртва точка, со цел оваа природна реткост да ја оправда националната заштита. Ангелоски вели дека веќе било поднесено барање до Владата на Р.Македонија трите национални паркови да се стават под државна капа, бидејќи сега работат на принцип на самофинансирање. Доколку Владата позитивно одговори на ова барање сечата на дрва во рамките на Националните паркови ќе замине во историјата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град