Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1

Се крадат капаците од канделабрите на патеката од мостот до Горица1. Службите од локалната во неколку наврати интервенирале, но и понатаму продолжува ваквата појава. Апелираат да се пробуди свеста на граѓаните и да не ги уништуваат општите добра.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Десетина канделабри на пешачката патека од мостот према Горица1 немаат капаци за заштита на жиците за струја. Од Локалната велат дека не станува збор за недокомплетирање на канделабрите или чекање на капаците дополнително да се монтираат бидејќи тие одат заедно со целиот столб, туку дека ова е дело на несовесни граѓани кои ги крадат заштитните капаци. Екипи од Локланата во изминатиов месец во два наврати интервенирале на оваа патека, но појавата продолжува и понатаму.

Ни преставува голем проблем во Секторот за комунален развој бидејќи ние канделабрите ги нарачуваме комплет со капаците, а не по делови па многу е тешко дополнително да се набавуваат само капаци, објаснува Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.

На потегот од мостот до Горица 1 има стотина канделабри. Тие се специјално нарачани за да се вклопат во целокупниот амбиент на патеката. Канделабрите се прилично скапи па со нивното оштетување се прави голем трошок на општината, објаснува Џамтоски.

Ние ќе ги замениме капаците кои недостигаат. Дури и денеска екипи од секторот ќе излезат на терен да видат колку недостигаат, но апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат бидејќи не само што прават материјална штета туку и себе и другите ги доведуваат во опасност, вели Џамтоски.

Канделабрите неможат физички да се обезбедат. Затоа се остава на совеста на граѓаните да не ги уништуваат општите добра, а доколку приметат некој кој го прави тоа веднаш да пријават во СВР- Охрид или пак во службите на локаланата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top