Се кастрат дрва без дозвола

Последниве неколку години се повеќе сме сведоци на енормното уништување на зелениот појас, поради интереси на сопственици.

 |  Билјана Николоска  | 
skastreni granki
скастрени гранки

bоroviПродолжува атакот на човекот врз природата. Немилосрдно, нестручно и без одобрение се сечат ретките и со закон заштитени дрвја во градов. Тоа се прави бидејќи дрвјата на некои им сметаат на видикот, на други пак им попречуваат во градежните зафати и сл. Сума сумарум личниот интерес на поединци се става во прв план, елиминирајќи го фактот дека уништувањето на градското зеленило остава трајни последици. Деновиве настрадаа неколку борови во стариод дел на градот, кое подрачје важи за строго заштитена зона. Не само што тоа е направено без потребното одобрение кое треба да го издаде надлежна комисиија за тоа, туку не се санирани ниту гранките од боровите кои лежат расфрлани насекаде. Граѓаните во стариот дел на градот велат дека во последно време секој прави што сака неводејќи сметка за можните последици.

Портпаролот Симон Илиески, во врска ваквиот однос на поединци го иснесе ставот на локалната.

„Сопственикот се обратил до комисијата надлежна. Комисијата излезе но на лице место и утврдиле дека боровите веќе биле искастеени  и дека не можеле да му дадат дозвола бидејќи се работи за земјиште кое што е на РМ. Направен е прекршок нашата инспекција ќе му поднесат прекршочна пријава и доколку не ги отстрани гранките ќе добие уште една пријава“.

Скастрени се борови и на ул. Јане Сандански, пред офицерската зграда. Илиески категоричен дека никој нема поднесено барање за кастрење ниту во тој дел од градот. Тој додава дека уште веднаш ќе прата инспекциски служби на увид.

боroviКога и дали еднаш ќе се стави крај на уништувањето на зелениот појас во градот? Ваквата интенција веќе подолг период е се поевидентна, за што ТВМ во неколку наврати информираше. Треба да се напомене дека безболно помина уништувањето на дрвјата во дел на централното градско подрачје пред угостителски објект во близина кај старата автобуска станица, како и во делот на крајбрежниот појас на рекреативната пешачка патека према Горица 1.  Несериозниот однос на надлежните не треба влијае и врз совеста на граѓаните. Тие треба да се замислат пред да посегнат по градското зеленило, бидејќи тоа е корисно за сите нас за да живееме во здрава животна средина.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top