Се избра фирмата која ќе го украсува градот

Од наредната недела централното подрачје на градов ќе почне новогодишно да се украсува. Скопска фирма ќе се погрижи за Охрид да блесне во потполн сјај. Според Локалната не се доцни со новогодишното украсување на градот бидејќи до католички божик, кога доаѓаат и првите гости во Охрид, тој ќе биде накитен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се избра фирмата која ќе го украсува градот за Новогодишните и божикните празници. Јавниот повик заврши и на електронското наддавање тендерот го доби фирмата „Металват“ од Скопје. Од понеделник таа треба да добие работен налог од Локалната и да започне со украсување на градот.   
Изјава Томе Џамтоски- портпарол на Локланата самоуправа.

Како што и претходно кажавме таа фирма ќе го украсува централното градско подрачје, а наша тенденција е секоја година да се шириме од централното грдско подрачје према периферијата на градот. Ќе се украсува и таму, но со оние реквизити кои се во сопственост на Локалната самоуправа, вели портпарол Томе Џамтоски.

За декорирање на градот од општинскиот буџет се наменети 1.250.000 денари. Годинава се најавува и новина во декорацијата на градските улици.

Ние очекуваме фирмата да го испочитува договорот и сигурно дека на 31 декември нема да го украсуваат градот и како што вообичаено бива некаде околу Св. Никола, 19, 20 декември целото украсување би требало да биде завршено, вели Џамтоски.

Според Локалната не се доцни со новогодишното украсување на градот бидејќи тој ќе светне во новогодишно руво пред католичкиот божик кога доаѓаат и првите гости во Охрид за време на празниците. Градот ќе остане накитен до Богојавление- водици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top