Се дезинфицира градската библиотека

Во рамките на преземањата за превентивна заштита на здравјето на вработените и идните корисници на услугите НУ Библиотека “Григор Прличев“ од Охрид вчера спроведе дезинфекција на работниот простор.

 |   | 

Екипа на Центарот за јавно здравје од Охрид во присуство на дел од вработените во библиотеката спроведоа целосна дезинфекција на просторот во кој сега функционира библиотеката но и во просторот во кој би требало наскоро да почне со работа и е со идентична површина на сегашниот.

Како што соопштивме од 12 до 24 март во насока на спроведување на дополнителни заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид прекина со работа и  така ќе биде се’ до добивањето на новите мерки и препораки од Владата.   

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top