Организирана хигиена на подрачјето на општина Охрид. Во текот на вчерашниот ден, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, успшено изведоа акција за чистење на плажите. Од потегот пред хотелот „Два Бисери, па се до центарот на Пештани беа подигнати 30 м3 разновиден отпад. Ова е апел сите субјекти да се вклучат во средување на охридските плажи, а посебно концесионерите, кои после сезоната не се заинтересирани како изгледаат плажите со кои стопанисуваат, вели првиот човек на ЈП Сашо Алче.
Секторот за патишта досега воопшто не е заинтересиран за соработка, вели Алче. Додава дека јасно како ден е во чија надлежност е одржување на јавната чистота на патиштата, посебно на потегот од аеродром па се до Св. Наум.
Алче вели дека до бескрај можеме да зборуваме дека имаме добра приказна за градот, дека градот е втор Ерусалим и дека езерото и поднебјето прават добра атмосфера. Факт е дека на туристите најмногу им треба чист град, па затоа и апелот за вклучување на сите субјекти, чинители на туризмот да дадат свој допринос кон тоа, би требало да се разбере најдобронамерно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град