Се чека на ЕВН

Нема дополнителни извори освен постоечките кои ги има под концесија МЈП „Проаква“, тврди директорот  Бранислав Трпчевски.

 |  Билјана Николовска  | 
Trpcevski
Трпчевски

Изградбата на 5 те хидроцентрали за потребите на МЈП „Проаква“, во завршна фаза. Се чека само конекција со ЕВН за нивно официјално пуштање во употреба. Првиот човек на „Проаква“, Бранислав Трпчевски вели дека до крај на месецот треба да се случи и тој момент.
Во јавноста се шпекулира дека пуштањето во употреба на хидроцентралите кочи поради уништување на извор со голема издашност од 200литри во секунда лоциран во близина населото Рамне, што се случило при изведување на работиј од страна на градежното претпријатие „Гранит“ од Охрид. Трпчевски ги негира ваквите шпекулации.
Како што веќе добро и е познато на јавноста на охридско струшкиот регион правото на изградба на две хидроцентрали на Горно Беличките извори во струшко, односно четири на Летничките извори во Охрид го добија Словенците за сума од 4 милиони евра. Трпчески кажа дека бенефитот од петте хидроцентрали е 20% од профитот од производството на електрична енергија на годишно ниво кој треба да припадне на Проаква. По истекот на договорот за концесионирање Проаква ќе ги наследи хидроцентралите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top