Согласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој сообраќај и улици , општина Охрид започна со асфалтирање на улици и краци низ целата територија на Охрид.
Согласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој сообраќај и улици , општина Охрид започна со асфалтирање на улици и краци низ целата територија на Охрид. Денеска се асфалтира уличка во с. Долно Лакочереј и крак од улицата “Прилепска“.
Наредниве денови ќе биде асфалтиран и крак од улица „Српница“.
Паралелно со оваа активност тече и проектот за пополнување ударни дупки и прекопи, во моментов се пополнуваат ударни дупки на улица „Богомилска“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град