Декларација за фер и демократски избори иницирана од општинската организиација на социјал демократската унија.
Декларација за фер и демократски избори иницирана од општинската организиација на социјал демократската унија.
Охридската организација на социјал демократската унија предложи усвојување на Декларација за фер и демократски избори во духот на развиените демократски општства. Декларацијата ќе го носи името „ За достоинството на Охрид“, а е во име на светлите традиции на градот и неговите цивилизациски вредности.
„Со неа ќе се направи врска помеѓу славните вредности и денешното живеење во сферата на политиката“ – вели потпретседателот на СДУ , Веле Митаноски.
Една ваква декларација ќе им помогне на политичките субјекти да го надминат и да го заборават тоа што се случувало во минатото, да се емитувааат пораки за избори кои ќе ни го отворат патот кон европските и нато интеграциите додава Митаноски.
Иницијативата на општинската организиација на СДУ е дадена на разгледување на политичките партии од кои
се очекува нивно размислување и предлози. Целат е никој да не извлече политички бенефит и кога ќе се потпишува да нема партиски занци и да се направи на неутрален терен , да испратиме порака дека ќарот треба да го имаат гласачите и да направиме празник на 22 март.
Декларација за фер и демократски избори се очекува да биде прифатена и потпишана до крај на месец февруари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град