Потпретседателот на СДУ и носител на листа во Охрид Веле Митаноски, заедно со дел од кандидатите за советници и раководството на партијата, денеска имаа средба со здужението на граѓани – загубари, технолошки вишок и стечајни работници од Охрид.

На средбата беше разговарано со претседателот на здружението за можни решенија на статусот на граѓаните и за резултатите од протестите на здружението.
Здружението повеќе години наназад се обидува да го реши статусот на граѓаните со над 25 год работен стаж, но до сега никоја од владите нема излезено со конкретно решение. Како човек кој е запознаен со проблемите на работниците Веле Митаноски смета дека никоја институција неможе да се дистанцира од нивните проблеми.
Веле Митаноски додава дека општината не може да се дистанцира од социјалните проблеми. Во програмата која ја предлага како носител на листата за советници се предвидува иницијатива за посебен закон за градот Охрид со кој ќе се помагаат социјално згрозените граѓани. На крајот од денешната средба Николоски и Митаноски се согласија дека и понатаму ќе продожи подршката и соработката помеѓу партијата и здружението.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град