СДУ ги посети борците

Носителот на советничката листа на СДУ и претседателот на ОО на оваа партија денес ја посетија Боречката организација.

 |  Татјана Маленкова  | 
Vele Mitanoski
Веле Митаноски

Носителот на советничката листа на СДУ и претседателот на ОО на оваа партија денес ја посетија Боречката организација.

Во разговорот со раководството стана збор за местото и улогата на оваа асоцијација но и за Поддржувачите на револуционерните придобивки.

Потпретседателот на Социјалдемократската унија и носител на советничка листа ,Веле Митаноски, претседателот на ОО на оваа партија Марко Спасески, и дел од кандидатите за советничката листа на СДУ, денеска  ја посетија боречката организација за Охрид и Дебрца. Во разговорот со претседателот на Боречката организација, Крсте Крстаноски, секретарот Васо Цветаноски и членови на боречкото Претседателство, стана збор за местото и улогата на оваа асоцијација, чие изворно членство, од времето на НОВ и Револуцијата, постепено застарува, но затоа пак расте бројот на делот од Организацијата -такавикани – Поддржувачи на револуционерните придобивки.

“Самиот потекнувам од семејство, во кое сите беа учесници во НОВ и Револуцијата. Мојот татко Ристо Митаноски, е исто така член на органите на Боречката организација во Охрид, што значи станува збор за генерациско наследство”, рече во изјавата Веле Митаноски.

Тој додаде, дека, образованието го започнал во родното село, токму во зградата во која, во 1943 година, престојувал Главниот штаб на НОВ, во која е издаден Манифестот до македонскиот народ, тука била првата партизанска болница и првата печатница.

pres” Во таа зграда е формиран Иницијативниот одбор, и од тука се тргнати Асномците за Прохор Пчински. Станува збор за историски корени на македонската држава и државност и тоа наследство мора да се негува. Тоа треба да биде во кодот на секој Македонец. Што се однесува до мене, со гордост истакнувам дека тоа е својство и на моите деца, а веќе сум сигурен дека ќе биде прифатено и од моите внуци”, потенцираше Веле Митаноски, потпретседател на СДУ и носител на Советничка листа.

Боречката организација за Охрид и Дебрца брои околу 400 учесници сеуште живи, додека делот на проследувачите на револуционерните традиции брои околу 300. Тоа заначи дека околу 300 луѓе од Охрид и формално се членови и со своето делување им помагаат на борците да се продолжи со тие традиции, за да не се заборави минатото. Не можеме да избегаме од фактот дека во таа антифашистичка борба  од 1941 до 1945 год. Се удрени темелите на денешната Р македонија, и таа треба да се негува, рече Митаноски. Претседателот на Боречката организација Крсте Крстаноски искажа задоволство што на советничките листи има неколкумина од делот на поддржувачите на традициите.

“Особено не радува што има наши членови – поддржувачи на самиот врв на листите. Ние веруваме дека во наредниот Совет на општина Охрид, ќе имаме наш член, кој ќе ги застапува нашите интереси”, напомена Крсте Крстаноски.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top