Претседателот на Партијата Лазар Еленоски ја претстави изборната програма и истакна дека нивна основна цел ќе биде борбата за демократија и развој на државата се со цел таа да излезе од дваесетгодишната транзиција во која се наоѓа. Еленоски додаде дека на претстојните парламентарни избори ќе настапат самостојно и тоа во седум изборни единици, сметајќи ја Америка.
Изборната програма на Социјал демократската унија е насловена „Крај на транзицијата, свртени кон безбедноста, развојот и демократијата“ , и нуди концизни и оставрливи решенија, истакна Еленоски. Ние не се обидуваме на граѓаните на Македонија да им продаваме магла, туку остварливи приоритети, како евроатланските интеграции, инвестиции во стопанството како и зацврстување на социјалниот систем и јакнење на безбедноста, додаде тој.
Двајца охриаѓани, членови на оваа партија се носители на листата, секој во својата изборна единица. Така во во 8-та, односно САД, охриѓанецот Крсте Блажевски, додека во 5-та е охриѓанецот Димче Андрески, кој истакна дека развојот на турзмот исто така е еден од приоритетие на оваа партија.
Што се однесува до досегашниот тек на предизборните активности, на партиите, претседателот на СДУ Еленоски истакна дека моментално, политичката култура го достигнала своето најниско ниво. Тој потенцира дека во никој случај не смее да дозволат плукањето да прерасне во национален спорт на Македонија и додаде дека шпанскиот серијал кој двете најголеми партии му го сервираат на македонскиот народ преку медиумите, мора да престане.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град